вооружи | св.

Снабди некого со воени средства, со оружје. Беше празнично облечен и вооружен. Главниот штаб продолжи да ги вооружува четите.

вооружување | ср.

Глаголска именка од вооружи. Започна масовно вооружување на населението.

воочи | св.

Стане свесен за нешто, согледа, забележи; Знаеме да ја воочиме разликата меѓу важните и неважните работи.

воочлив | прид.

Што лесно се воочува, што паѓа в очи. Воочлива женственост. Вооч–ливи разлики.

воплоти | св.

Изрази, претстави определени својства, идеи и сл. во конкретен, во материјален лик. Востанието ја воплоти идејата за самостојна држава. Во главниот лик авторот го воплотил духот на народот.

вопросен | прид.

Воронеж | ж.

Град и река во Русија.

восклик | м.

Глас или збор со кој се изразува возбуда, изненаденост и сл.; извик. Емотивен восклик. Восклици на воодушевеност.

воскликне | св.

Со восклик изрази некое силно чувство, возбуда, изненаденост и сл.; извикне. Таму ќе биде олтарот, воскликна монахот. Секој би воскликнал: каква убавина! Воскликнував кога излетуваа гулабиците.