воскоса | св.

Намачка нешто со восок. Ги воскоса дрвцата.

воскресе | св.

Христос воскресе, за многу години...

воскресение | ср.

Станување од мртвите, оживување. Владиката го огласува Христовото воскресение.

воскресне | св.

Стане, подигне од мртвите, повторно оживее. Само Христос воскреснал од мртвите.

восок | м.

(само едн.) Жолтеникава материја што ја лачат пчелите и од која прават сот. Да ми донесеш еден кравај восок.

восоклив | прид.

восочен | прид.

Што е направен од восок. Восочна пита. Восочни свеќи. Восочен печат.

восочест | прид.

восочи | несв.