војсководач | м.
војсководец | м.
Лице што ја води, што ја командува војската. Голем војсководец. Храбри војсководци.
војсководител | м.
војува | несв.
Води војна; учествува во војна.
војувач | м.
Тој што се бори, што војува. Млад војувач. Самоуверени војувачи.
впали се | св.
За брашно и сл. ‒ се расипе од стоење или од топлина. Последната вреќа брашно беше се впалила.
впери | св.
Управи, устреми, насочи нешто кон друго нешто или кон некого. Го впери прстот во момчето. Ги впериле погледите кон вратата. Ги вперија цевките на пушките кон него.
впечати | св.
Со втиснување на некој предмет во нешто, направи негов отпечаток; со притисок остави трага од нешто. Во текстот впечати неколку симболи.
впечатлив | прид.
Што остава силен впечаток, што се памети. Впечатлив текст. Највпечатливи стихови во песната.
впечаток | м.
Чувство, слика, трага во свеста на човекот од нешто доживеано или осознаено; импресија. Добие впечаток. Направи впечаток. Силен впечаток.