воштеница | ж.

Восочна свеќа. Ја запали црвената воштеница.

вошти | несв.

воштинар | м.

Лице што прави или што продава свеќи. Стар воштинар.

воштинка | ж.

Непречистен мед, сот со мед. Од воштинките излегуваа оси.

впали се | св.

За брашно и сл. ‒ се расипе од стоење или од топлина. Последната вреќа брашно беше се впалила.

впери | св.

Управи, устреми, насочи нешто кон друго нешто или кон некого. Го впери прстот во момчето. Ги впериле погледите кон вратата. Ги вперија цевките на пушките кон него.

впечати | св.

Со втиснување на некој предмет во нешто, направи негов отпечаток; со притисок остави трага од нешто. Во текстот впечати неколку симболи.

впечатлив | прид.

Што остава силен впечаток, што се памети. Впечатлив текст. Највпечатливи стихови во песната.

впечаток | м.

Чувство, слика, трага во свеста на човекот од нешто доживеано или осознаено; импресија. Добие впечаток. Направи впечаток. Силен впечаток.