вршачка 2 | ж.
Заемно ветување на момче и девојка дека ќе стапат во брак; свршувачка. Зборуваа за вршачките што се правеа секоја вечер во селото.
вршен | м.
Врвот на дрвото. Жолтеникави беа вршените на стеблата.
врши 1 | несв.
Прави, исполнува некоја работа или некоја задача. Врши работа. Врши услуга. Врши консултации.
врши 2 | несв.
Ги одвојува зрната од класјето на житото. Мажите рано фатија да вршат со коњите.
врши 3 | несв.
Дава збор, договара брак, договара свршувачка. Јас сум дојдена стројник, да те вршам за него.
вршидба 1 | ж.
Вршење жито. Утрото почна вршидбата.
вршидба 2 | ж.
Давање збор и договор за свадба, за брак. Вршидбата на момата се направи веднаш по Нова година.
вршило | ср.
Вршење жито.
вршина | ж.
Плева. На празното гумно се креваа густи облаци од вршина.
вршител | м.
Тој што врши некаква работа; тој што врши некоја должност.