Вашингтон | м.
Сојузна држава и главен град на САД.
вашинец | м.
Сонародник, човек од ист роден крај со лицето со кое зборува.
вашински | прил.
По ваше, на ваш начин, на ваш јазик. Штом не ме разбираш ќе ти кажам по вашински.
вбие | св.
вброи | св.
Вклучи, приопшти кон нешто. Евангелијата не можеме да ги вброиме во литературата, во потесното значење на тој збор.
вѓаволи се | св.
Стане ѓаволест.
вгази | св.
Згазне во нешто.
вглави | св.
Прицврсти, постави во зглоб, во лежиште. Иконата беше вглавена на централниот столб.
вгледа се | св.
Загледа се. Се вгледа во нивната палава игра.
вглоби | св.
Постави во зглоб, зглоби. Невидливите 'рбети им се вглобиле во крцкави пршлени.