вгнезди се | св.

Свие гнездо. Јато диви гулаби се вгнездиле во карпите.

вгои | св.

вгорешти се | св.

Премногу се затопли. Времево се вгорешти.

вгори се | св.

Се вцрви, поцрвене (од сонце, оган). Силниот оган му го вгори лицето. Сиот се вгори во лицето.

вгради | св.

Постави трајно, вклопи на соодветно место дел од мебел, елемент од конструкција и сл. Вграден плакар.

вдава се | несв.

вдаден | прид.

Што е занесен, внесен во работата. Тој си е вдаден и потресен по светите книги.

вдаде се | св.

Се загне, се стрчне по некого. Тој се вдаде по крадецот, но не успеа да го стигне.

вдахне | св.

Земе воздух, вдише. Таа вдахна уште еднаш, за да се надиши.