ведрина | ж.

Безоблачност, чистота, синило на небото. Ведрина полна со сонце се истури над градот.

ведрица | ж.

Дрвен сад за вода, млеко и др.; Девојката се насмевна, прето–чувајќи го млекото од ведрицата во голем ѓум.

ведро | ср.

Дрвен сад, обично без капак, со рачка прицврстена за една дага или со полукружна рачка, што служи за чување и пренесување вода и други течности, за вадење вода од бунар, за молзење и др. Во едната рака носеше ведро, а другата слободно ја мавташе крај себе.

вее | несв.

Дува ветер. Вееше тивко, пролетно ветре.

вежба | ж.

Повторување на некое дејство заради физичко или интелектуално усовршување. Во неделата имавме гимнастичка вежба пред народот.

вежба | несв.

Развива кај себе или кај некого навики, вештина, способности преку често и редовно повторување на определена работа, дејство. Вежбам секое утро. Тие вежби не сум ги вежбал. Тој ги вежбаше војниците.

вежбалиште | ср.

Место каде што се изведуваат вежби.

вежбалница | ж.

Просторија за вежбање.

вежбанка | ж.

Тетратка за вежбање. Вежбанка по математика.