велможа | м.
Богат и влијателен вршител на една од највисоките државни функции во некои земји.
велосипед | м.
Превозно средство на две тркала што возачот го движи со нозете. Врвеа луѓе на велосипеди во правец на фабричкиот дел на градот. Детски велосипед. Женски велосипед.
велосипедист | м.
Возач на велосипед. Поминаа двајца велосипедисти кои продаваа весници.
Велс | м.
Земја во западниот дел на Велика Британија.
велур | м.
Убава ткаенина со густи влакна, слична на сомот, на кадифе. Носеше фустан од црвен велур.
вена | ж.
Цевчест крвен сад низ кој крвта од организмот се враќа во срцето. Повторно проструи крвта низ вените. Попуштени вени.
венда | несв.
Безделничи. До квечерината вендаше по улиците.
вене | несв.
За растение – губи свежина, боја, сјај, се суши. Наесен лисјето венеат и се сушат.
венеричен | прид.
Што се однесува на болести на половите органи. Венерични болести. Венерично заболување.
венеролог | м.
Лекар ‒ специјалист за венерични болести.