видеоматеријал | м.

Материјал снимен со видекамера или видеорикордер.

видеопроекција | ж.

Проекција на видеоматеријал. Видеопроекцијата на најновите филмски остварувања се одржа во киното „Центар“.

видеорикордер | м.

Апарат за снимање на телевизиска програма и репродукција на видеокасети на екранот на телевизорот.

видеоспот | м.

Краток филм снимен како визуелна поддршка за забавномузички настапи. Неговиот најнов видеоспот доживеа голем успех.

видеотека | ж.

Дуќан за изнајмување на видеокасети за репродукција во домашни услови; збирка на видеокасети.

видеотехника | ж.

Апарати и инструменти поврзани со магнетоскопска снимка, снимање и прикажување.

видеофил | м.

Љубител на видеотехника.

видеофилм | м.

Филм снимен на видеокамера.

видеофон | м.

Апарат со можност за комуницирање по аудио и визуелен пат.

види | св.

а) Насочи поглед кон нешто, опфати со сетилото за вид. Оддалеку видоа дим што се дигаше од селото. Тој виде на саемот многу нови производи. Од ридот го видоа езерото. б) Здогледа, забележи некого или нешто. Видовме како идат сватови. Тој нè виде кога влегувавме. На патот виде две жени.