виклер | м.

Мала направа на која се витка косата за да биде кадрава. Носеше виклери на главата.

викне | св.

Гласно се обрати на некого, најчесто по име или со наредба. Тој ѝ викна да слезе. Стражарот викна „Стој“.

виконт | м.

Аристократ по ранг меѓу гроф и барон, во Франција, Англија и во други земји.

викот | м.

Вик, врева. Однадвор дојдоа до нас викоти. Кошмарен викот се слушаше по улицата.

викотница | ж.

Викање, врева, викот. До нас допреа викотници, удари, офкање. Од двете улички се зачу силна викотница.

Викторија | ж.

Езеро во Африка.

Викторија | ж.

Главен град на Сејшелите/Сејшелските Острови.

викум | прил.

Со викање. Сите викум викаат: Амин!

вила 1 | ж.

Орудие со два или повеќе краци, парошци за работа со сено, слама, гној и сл. Со железна вила го вадеше гнојот од шталата. Селаните најчесто имаа обични дрвени вили со кои го превртуваа сеното да се суши.

вила 2 | ж.

Убава, раскошна куќа, обично надвор од градот, резиденција или наменета за одмор. Во вилата „Атина“ живееше чичко ми.