визит-карта | ж.
Визитна карта, посетница, картичка со основните генералии на носителот, име и презиме, звање/работно место, адреса, телефон и сл.;
визија | ж.
(псих.) Халуцинација на сетилото за вид која ја сметаме за вистинита, без потпора во реалниот свет; привидение. Посегна кон снежната визија пред него, кон ликот на девојката што ја сакаше.
визуелен | прид.
Што е видлив, што се гледа. Визуелни и акустични претстави. Богата визуелна имагинација. Визуелни сензации. Визуелен ефект.
вик | м.
Силен глас, извикување со цел да се обрне внимание. Даде вик по него. Во долината се разлеа заглушен вик. Во селото утринската тишина почнаа да ја нарушуваат детски викови.
вика | несв.
Зборува, кажува гласно. Сите викаа: „Песна да чуеме!“
викач | м.
(разг.) Тој што многу вика, прави викотница. Тој е голем викач.
викенд | м.
Неделен одмор.
викендичка | ж.
Куќичка во која се поминува викендот, куќичка за одмор.
викинг | м.
Средновековен скандинавски морнар и воин.
Викинг | м.
Припадник на средновековен народ од Скандинавскиот Полуостров.