виторог | прид.
Што има големи спирално извиткани рогови. Виторог елен.
витос! | изв.
Извик при бркање, терање, бегај оттука. Витос, витосај се!
витоса | св.
Уништи, отстрани, тргне некого или нешто како непожелно. Козите му ги витосаа. Ја забраа жената и ја витосаа некаде.
витосник | м.
Расипник, растурник.
витраж | м.
Слика или украсна композиција составена од парчиња обоено стакло, обично како прозорец на згради од готски стил.
витражен | прид.
Што се однесува на витраж.
витрина | ж.
Застаклен орман, полица и сл. за сместување предмети што треба да се гледаат.
витриол | м.
Сол на сулфурната киселина.
виулица | ж.
Снежно невреме, силен ветер со снег, снежна бура. Во зимската ноќ беснееше снежна виулица.
виуличав | прид.
Што е како виулица, ветричав, бурен, што се однесува на виулица. Виуличава ноќ. Виуличаво време.