валеријан | м.

валеријана.

валеријана | ж.

Многугодишно зелјесто растение со ситни, бледорозови или бели цветови собрани во соцветија; мачетрева; Valeriana officinalis.

валеријанов | прид.

Што се однесува на валеријана и валеријан. Валеријанови капки.

Валета | ж.

Главен град на Малта.

вали | несв.

Пали оган. Тоа е огништето каде се вали оган.

валиден | прид.

Полноважен, законски заснован, важечки. Валидно решение. Валидни документи.

валилак | м.

Област со која управува валијата.

валија | м.

Царски намесник, турски военоадминистративен старешина на една област (вилает). Ќе појдеме кај валијата и ќе се жалиме.

валка | несв.

Прави нешто да биде нечисто. Ги валка чевлите газејќи во калта.