влезен | прид.

Што се однесува на влез, на влегување; што служи за влез, влегување. Влезна виза. Влезна врата. Влезен билет.

влезница | ж.

Билет со кој се стекнува право за влез, обично на културна или спортска манифестација.

влекач | м.

Машина, возило за влечење, што се користи за влечење. На влекачите донесоа вагонетки.

влепи | св.

Залепи, припие.

влета | св.

Влезе со летање, во заграден, ограничен простор. Едно врапче влета во мојата соба.

влече | несв.

Со тргање движи нешто не одвојувајќи го од површината. Ловецот го влечеше отепаниот волк по снегот. Трактори и коњи ги влечат тешките трупци од шумата до пиланата. Влече гранки.

влечешкум | прил.

Влечејќи, со влечење. Влечешкум дојде до вратата.

влечивлечка | ж.

Неуредна, мрзлива жена.

влечигора | ж.

Неуреден човек.

влечиортома | ж.

Неуреден човек, мрзлив човек, дембел.