влечипола | ж.
влечка | ж.
Обувка што се навлекува со отворен заден дел. Невестата се појави со влечки на нозете.
влечка | несв.
Со тргање движи нешто не одвојувајќи го од површината. Офицерот ја влечка сабјата по калдрмата. Некои со волови влечкаа во селото греди и дрвја.
влечкар | м.
Занаетчија што изработува влечки.
влечко | м.
Човек што работи бавно и неуредно, што се влече, што се влечка. Околу пазарот имаше секакви парталковци и влечковци.
влечлив | прид.
Што се влече, што има особина на влечко. Тие се влечливи луѓе.
влечуга | ж.
Животно што се влече при движењето.
влив | м.
Место каде што се влива една истечна вода во друга или во езеро или море; Од изворот до вливот.
влива (се) | несв.
влијае | несв.
Врши влијание на или врз некого или нешто, насочува нечија работа, дејност, определба, постапка и сл. Многу фактори влијаат врз општествениот развиток. Директорот влијаеше врз комисијата да донесе такво решение. Новата средина влијаеше на мене позитивно.