гардист | м.

Припадник на гарда. Гардистите стоеја покрај претседателот.

гарнизон | м.

Дел од војска сместен на едно место заради обука или обезбедување. Целиот гарнизон се преместуваше на друго место.

гарнир | м.

Додаток од зеленчук и др. кон главното јадење од месо или од риба. Со месото имаше богат гарнир.

гарнира | св. и несв.

Дополни, дополнува, украси, украсува порција со месо или риба со разни додатоци од зеленчук и сл.

гарнитура | ж.

Повеќе предмети што прават една целина; комплет. Гарнитура за седење.

гарсониера | ж.

Мал, еднособен стан. Живееше во гарсониера во центарот на градот.

гас 1 | м.

Воздушесто тело чии честици се стремат да го исполнат сиот слободен простор; плин.

гас 2 | м.

Газија, петролеј (за ламба). Уличните светилки на гас светеа матно.

гасен | прид.

Што се однесува на гас, што е со гас, што е наменет за заштита од гас. Гасна комора. Гас-маска.

гасеница | ж.

Ларва на пеперутка.