гасне | несв.

Прави нешто да престане да гори или да свети. Ја гаснеше цигарата и ја гледаше.

гасовит | прид.

Што е во вид на гас. Гасовита состојба.

гасовод | м.

Направа за спроведување гас.

гасометар | м.

Направа за мерење и за чување гас.

гастарбајтер | м.

Работник во странство, имигрант. За Божик сите гастарбајтери се враќаа дома.

гастритис | м.

Воспаление на желудникот.

гастроном | м.

Добар познавач на храната и на начините на нејзиното подготвување.

гастрономија | ж.

Вештина за подготвување разни видови јадења.

гата | несв.

Прорекнува судбина, гледа, бае. Отиде да му гатаат на карти.

гаталец | м.

Човек што гата, јасновидец; врач, бајач, пророк. Беше како гаталец кој чита судбина од дланка.