генералштабен | прид.
Што се однесува, што му припаѓа на генералштаб.
генератор | м.
Апарат, машина што ја претвора механичката во електрична енергија. Во фабриката работеа три генератори.
генерација | ж.
Сите родени во еден временски период кои претставуваат едно поколение. Генерацијата на дедо ми се борела на тој фронт.
генерира | св. и несв.
Создаде, создава, роди, раѓа, предизвика, предизвикува нешто. Војната генерира чувство на страв кај луѓето.
генетика | ж.
Наука за развитокот на организмите, за наследувањето определени особини и за нивната променливост. Хумана генетика.
генетичар | м.
Човек што се занимава со генетика.
гениј | м.
Човек со исклучителни способности, посебно надарен човек, голем талент, човек со голема дарба.
генијален | прид.
Што е исклучителен, посебно надарен, талентиран, со голема дарба. Генијално дете.
генитален | прид.
Што се однесува на гениталии. Генитална болест.
гениталии | и.
Полови органи.