гипсира | св. и несв.
Изработи, изработува нешто од/со гипс. Гипсарите ги гипсираа ѕидовите.
гипсотека | ж.
Збирка од скулпторски работи изработени од гипс. Музејската гипсотека беше многу богата.
гирланда | ж.
Сплетена низа од цвеќиња, лисја, цветови од хартија, украси и др. што служи за украсување. На главата имаше малечка гирланда од цветчиња.
гитара | ж.
Музички инструмент со шест до десет жици. Електрична гитара. Бас-гитара. Класична гитара.
гитарист | м.
Музичар што свири на гитара. Тој беше добар гитарист.
глава | ж.
Дел од телото на човек или на животно во кој се наоѓа мозокот. Ги наполни градите со воздух и ја нурна главата во водата.
главар | м.
глават | прид.
Што има необично голема глава. Главати, озабени булдози ми ги глодаа рацете и нозете.
главатар | м.
Човек што е главен во некоја заедница, општество и сл.; поглавар, главешина, старешина, водач. Јас сум зачетник на буната и главатар на војската.
главатарство | ср.
Дејност на главатар; старешинство.