гонител | м.
Тој што гони некого со цел да го фати. Му се чинеше дека некои непознати гонители го гонат, или барем го следат.
гонореја | ж.
Венерична болест; трипер.
гора | ж.
Место обраснато со дрвја; шума. Јаворова гора. Гора зелена.
горд | прид.
Што има високо мислење за себе. Та тие викаат по вас дека сте човек честољубив, горд.
гордее се | несв.
Се чувствува горд. Со твојот успех се гордее целото училиште.
горделив | прид.
Што е надмен, надуен. Беше горделив, напернат генерал.
горделивец | м.
Човек што е горделив. Беше горделивец и не сакаше никаква помош.
горе | прил.
Место што е високо во однос на друго место; долу. Горе во планината виеја волци.
горе- | претс.
Како прв дел во сложени зборови со значење – пред тоа, претходно, порано: гореизложен, гореизнесен, горенаведен, гореспоменат, горепосочен и сл.
горедолу | прил.
Приближно, околу. Резултатот е горе-долу ист