горешт | прид.

Што е врел, жежок. Горешта вода. Горешто лето.

горешти се | несв.

Се возбудува, се жешти. Стануваше сè побесен и пострвен, се виореше и се горештеше.

горештина | ж.

Врелина, жештина, висока температура на воздухот. Летна горештина.

гори | несв.

Е во оган, е запален. Куќата гореше сета во пламен.

горивен | прид.

Што се однесува на гориво. Горивен материјал.

гориво | ср.

Материјал или течност за горење, за греење; извор на енергија (бензин и др.). Му додаде гориво на моторот. Ја наполни печката со гориво.

горила | м.

Голем човеколик мајмун со црно крзно; Gorilla. Најблиска сродност човекот има со шимпанзото и со горилата.

горко | прил.

Тешко, мачно.