гребен 1 | м.

Горен дел од планина, од рид и сл. Се качувавме по гребенот на планината.

гребен 2 | м.

Алатка со железни запци за чешлање, за влачење волна, лен и сл.

гребенар | м.

Човек што изработува и продава гребни.

гребне | св.

Гребе еднаш или повеќепати по малку, по еднаш. Девојката се гребна од грмушката.

грев | м.

Постапка со која се кршат верските правила, божјите заповеди. Смртен грев.

гревовен | прид.