гревота | ж.
Грев. Гревота е во недела и на празник да се работи.
гревотен | прид.
греда | ж.
Долго, дебело и право дрво што се користи за градба. Дабови греди.
грее | несв.
За сонце – сјае, свети, затоплува. Сонцето силно грееше.
греење | ср.
Глаголска именка од грее.
Гренада | ж.
Островска држава во Средна Америка.
гренадир | м.
Во некои војски – војник одбран според телесната развиеност и доброто здравје за извршување специјални задачи.
Гренланд | м.
Остров во Северниот Атлантски Океан, територија на Данска.
Гренобл | м.
Град во Франција
грепка | ж.
Брадавица на дојка.