грми | несв.

безл. Создава силен звук при светнување на молња. Ноќеска грмеше, ама не заврна.

грмне | св.

Грми малку, наеднаш; загрми. Облаците грмнаа. Попот грмна со силен глас. Топовите грмнаа.

грмотрн | м.

Грмушка со бодликави стебленца со цветови; Ononis spinosa.

грмушка | ж.

Ниско растение што расте во група од повеќе стебленца. Во грмушките се криеја зајачиња.

грне | ср.

Земјен сад што се користи за подготвување храна. Грнето со грав тивко вареше на огинот.

грнета | ж.

Народен дувачки инструмент; кларинет.

грнец | м.

Поголем земјен сад. Во грнецот се вареше млеко. Р Си личат како грнци – исти се.

грнчар | м.

Човек што се занимава со грнчарство.

грнчарница | ж.

Место каде што се изработуваат грнчарски предмети.