гроб | м.
Ископана дупка во која се погребува мртовец.
гробар | м.
Човек чиешто занимање е да погребува мртовци.
гробен | прид.
Што се однесува на гроб. Гробно место.
гробишта | и.
Определено, уредено место каде што се погребуваат мртвите.
гробница | ж.
Изѕидана градба за погребување повеќе мртовци или заеднички гроб. Семејна гробница. Кралска гробница. Масовна гробница.
гровка | несв.
Гровта малку, по малку; Прасињата гровкаа.
гровнат | прид.
Што е истоштен, изморен, остарен, опаднат. Чичко ми не може сам да работи, гровнат е.
гровне | св.
Падне со тресок, се струполи. Покривот на старата куќа гровна.
гровта | несв.
Обично за свиња – испушта гласови „гро-гро“. Свињите гровтаа.
гровче 1 | ср.