довароса | св.
Вароса до крај, заврши со варосувањето. Овие ѕидови треба да се доваросаат.
довде | прил.
До ова место, до тука. Се довлечка довде само од љубопитство. Ти довде, а одовде е моја грижа
довева | несв.
доведе | св.
Со придружување помогне или натера да дојде некој на определено место. Ќе доведам луѓе да те извлечат од оваа јама. Јас ќе го доведам ако не сака сам да дојде.
доведеник | м.
Дете донесено од претходниот брак.
довее | св.
Заврши со веењето, чистењето на житото од плева. Тие го довеаја житото со лопати.
довезе 1 | св.
Заврши со везењето. Девојката го довезе перничето.
довезе 2 | св.
Донесе, доведе некого или нешто со помош на превозно средство. По вечерата тој ја довезе дома со својот автомобил. Стоката ја довезовме со голем камион.
довек | прил.
Отсега засекогаш, непрекинато. Јас би те чекала довека. Тој не мисли довек да биде роб. Нема ни ова да биде вака довека
доверба | ж.
Верба, сигурност, увереност во искреноста, чесноста, добронамерноста на некого, во неговите способности и стручност. Некои се плашат затоа што немаат никаква доверба во никого, освен во себеси. Страхуваше многу затоа што имаше изгубено доверба.