доверен | прид.
доверлив_2
довереник | м.
Лице што е задолжено со определена задача. Тој беше главен везиров довереник за градењето на мостот.
довери | св.
Задолжи некого со определена задача или функција. Ќе ја прифатам секоја партиска работа што ќе ми ја доверат.
доверител | м.
Заемодавач, кредитор. Тројцата доверители од банката ги предадоа своите меници.
доверлив | прид.
Што се засновува на доверба, отворен, искрен. Доверлив другар. Доверлив разговор.
довесла | св.
Дојде, пристигне со веслање. Четворица морнари довеслаа до брегот.
довечер | прил.
Во оваа вечер. Така се спремија да ги дочекаат гостите довечер. Ќе појдеш ли довечер кај нашине?
довечера | св.
Заврши со вечерата. Некаде пред да довечераат, таа го сети на себеси погледот на татка си.
довиди | св.
Опфати со поглед, забележи. Не можеше да ја довиди во големата толпа народ.
довие | св.