забодина | св.
Почне да бодина; Се качи на коњот и забодина накај градот.
заболедува | несв.
Почне да боледува. Заболедува од пред една година.
заболекар | м.
Тој работи како заболекар, поправа заби.
заболекарство | ср.
заболен | прид.
Што е болен од нешто. Заболен добиток. Заболени деца.
заболи | св.
Почне да ме (те, го...) боли, ми се појави физичка болка. Му се оптегна жилата на раката и остро го заболе. Го заболе силно главата.
заболсне | св.
заболување | ср.
Болка. Ги триеше очите до заболување.
заборав | м.
Состојба на губење, на престанување на паметењето, на сеќавањето за некого или за нешто; заборавање. Времето донесува заборав. Тој зачувал од заборавот голем број песни и приказни.
заборавен 1 | прид.
Што е занесен, што е како изгубен. Целиот е заборавен.