занаетчиство | ср.
Практикување на занает, занаетчиска дејност. Развојот на трговијата и занаетчиството оди по нагорен пат.
зандан | м.
зандана | ж.
Затвор, темница. Три месеци лежел во зандана.
занемарен | прид.
Што е запоставен, запуштен. Занемарено дете. Занемарени обврски.
занемари | св.
Престане да се грижи, да води сметка за некого или за нешто; запостави, запушти. Синот го занемари имотот и тој почна да пропаѓа. Таа го занемари детето. Тој го занемари учењето.
занемарлив | прид.
Што може да се занемари. Занемарлива работа.
занемее | св.
занемен | прид.
За глас, за звук – што е молкнат, стивнат, замрен. Занемена гитара. Занемена утка.
занеми | св.
Стане нем, ја изгуби моќта за говор. Оттогаш таа занеме и никогаш повеќе не прозбори.
занеможе | св.
Стане немоќен, бессилен, се разболи; Тој одеднаш занеможел и легнал в постела.