занес | м.
Претерано воодушевување, восхит. Поетски занес. Љубовен занес. Младешки занеси.
занесе 1 | св.
Однесе во определена мера или целосно во друг правец од саканиот. Силниот ветар го занесе кајчето далеку од брегот. Матицата ме занесе и не можев да излезам од реката.
занесе 2 | св.
За птица – почне да несе јајца. Кокошките се млади, уште не занеле јајца.
занесен 1 | прид.
Што е воодушевен, восхитен. Занесен човек. Занесени туристи.
занесен 2 | прид.
Што предизвикува занес
занесеник | м.
Тој што е занесен во нешто, што е премногу одушевен, обземен од нешто; фанатик. Млад занесеник. Верски занесеници.
занесеништво | ср.
Состојба на занесеност. Го зграпчи и почна да го дрмоли, како да го освестува од занесеништво.
Занзибар | м.
Танзаниски остров во Индиски Океан.
заниже | св.
Почне да ниже. Го занижавме тутунот.
занимава | несв.
Задржува нечие внимание. Тој ги занимава старите, им чита весници.