занимална | ж.

Просторија каде што престојуваат деца од предучилишна возраст, каде што се занимаваат со разни активности. По појадокот, децата отидоа во занималната.

занимање | ср.

Професија, позив, струка. Тој е ковач по занимање. Јас немам определено занимање.

занимација | ж.

Забава, разонода. Играше карти заради занимација.

занимлив | прид.

Што побудува интерес, што предизвикува внимание; интересен. Занимлива книга. Занимливо истражување.

заниша | св.

Почне да ниша; залула. Таа го заниша детето в раце. Девојчето ја заниша лулката во која лежеше бебето. Тој одречно заниша со главата.

заноќева | св.

Остане некаде преку ноќ, се затекне некаде кога настапи ноќ и таму преноќи. Тие заноќеваа во една овчарска колиба.

заноќи | св.

безл. а) се заноќи. Надвор заноќи. б) Ме (те, го...) фати ноќ. Ме заноќи додека дојдов.

заноктица | ж.

Кожата околу нокотот, на коренот од нокотот. Од заноктиците му течеше крв.

заноси | св.

Почне да носи, да има нешто кај себе, на себе. Дури сега го заносив новиот костум.

занурка (се) | св.

Почне да (се) нурка; (се). Децата (се) зануркаа во езерската вода.