запад | м.
Една од четирите страни на светот на која заоѓа сонцето; спрот: исток. Сонцето веќе сврте кон запад. На запад од градот се простираат овоштарници.
западен | прид.
Што се однесува на запад Западна страна. Западна граница.
Западна Сахара | ж.
Протекторат на ООН во Северна Африка.
западне | св.
Се најде во некаква неповолна, лоша состојба, во тешка положба, пропадне во некој однос (во работата, во развојот, во материјалната состојба, во однос на здравјето итн.). Тој западна во заседа и одвај се спаси. Занаетите полека западнаа. Западна во депресија. Таа западна во тага.
западно- | претс.
Како прв дел од сложени придавки значи – западен (западнобалкански, западномакедонски).
западноевропски | прид.
Што се однесува на Западна Европа. Западноевропски пазар. Западноевропски јазици.
западномакедонски | прид.
Што се однесува на Западна Македонија. Западномакедонско наречје.
западњак | м.
Тој што по потекло, по идеи и по култура му припаѓа на Запад.
запал | м.
Занес, восхит. Љубовен запал.
запален 1 | прид.
Глаголска придавка од запали.