запламти | св.

Почне да пламти, да гори силно. Огнот запламти во печката. Куќата запламти во силен оган.

запласти | св.

За сено – почне да пласти. Тие го запластија сеното во дворот.

заплати | св.

Замолчи, смири некого. Никој не можеше да го заплати детето.

заплаче | св.

Почне да плаче. Таа гласно заплака. Тој заплака од радост. Одвај се воздржа да не заплаче.

заплашен | прид.

Што е застрашен, преплашен. Заплашен поглед. Заплашени селани.

заплаши | св.

Предизвика, внесе страв кај некого, се закани некому; застраши. Доаѓањето на војската ги заплаши селаните. Го фати детето и го заплаши со прстот.

заплашителен | прид.

Заплашителни зборови.

заплашување | ср.

Закана. Неговото семејство беше изложено на постојани напади и заплашувања.

заплашувачки | прид.

Што изразува или содржи закана, опасност и сл. Заплашувачки глас. Заплашувачка тишина.