заплеви | св.
Почне да плеви. Од вчера го заплевив кромидот.
заплена | ж.
Одземање имот; конфискација. Заплена на оружје. Заплена на стока.
запленет | прид.
Што е одземен, конфискуван; Запленет имот. Запленето оружје.
заплени | св.
Одзее туѓа стока, имот во војна, како последица на воени операции. Во текот на борбата партизаните запленија многу оружје.
заплеска | св.
Почне да плеска, да тенчи нешто со удирање. Ковачот го заплеска усвитеното железо.
заплесне се | св.
занесе Децата се заплеснаа играјќи криенка.
заплет | м.
Замрсена состојба, збрка, компликација. Заплетот на ситуацијата ги стопира сите преговори.
заплете | св.
Почне да плете. Вчера таа заплете нов џемпер.
заплетен | прид.
Заплетени јазли.
заплетка | св.
За конец, за предено и сл. – направи да биде во неред, измеша, замрси. Детето ми ги заплетка конците за шиење. При вадењето рибарите ја заплеткаа мрежата.