зашие | св.

Почне да шие. Таа заши уште како девојче на петнаесет години. Заши од рано изутрина некој фустан.

зашили | св.

Почне да шили. Детето го зашили моливчето со скалпел, но не му успеа, па зеде острилка.

зашлака | св.

Почне да шлака; шлака. Зашлакаа со рацете во знак на одобрување.

зашлапа | св.

Почне да шлапа во вода, кал и сл.; шлапа. Децата зашлапаа во малите вирчиња со боси нозе.

зашлапка | несв.

Девојчето зашлапка радосно по измиениот двор. Зашлапка со прстите од нозете одвај достигнувајќи ја водата. Детето од сласт зашлапка, јадејќи ги колачињата.

зашмрка | св.

Почне да шмрка – со нос. Таа зашмрка и заплака. Пред да каже нешто, зашмрка.

зашмука | св.

Почне да шмука; шмука. Детенцето легна и зашмука млеко од шишето.

зашрафи | св.

Прицврсти со шраф; заврти шраф. Мајсторот ја зашрафи полицата за книги. Ја зашрафи расклатената квака.