збор 1 | м.
Основна јазична единица којашто има определено значење; јазичен знак за определен поим. Полнозначен збор. Застарен збор. Менливи зборови. Зборовите се делат на слогови.
збор 2 | м.
зборави се | св.
Стане лошо некому во стомакот; ми (ти, му...) се смачи. Од ручекот ми се зборави. Им се зборави од многуте слатки што ги изедоа.
зборен | прид.
Што се однесува, што е поврзан со собир, собор. Зборно место. Зборно место им беше стариот даб.
збори | несв.
збори се | св.
Почне да се бори;
зборка | несв.
Зборува по малку, тивко.
зборлест | прид.
зборлив | прид.
Што зборува многу, што сака да зборува; говорлив. Пријатен, зборлив и гостољубив човек. Сите го сакаа, зборлив, па и мајтапчија.
зборливец | м.
Тој што зборува многу. Тој е филозоф, голем зборливец