збунлив | прид.
Што може да се збуни. Збунлив човек. Збунливо дете.
збунувачки | прид.
Што збунува. Збунувачки поглед. Збунувачки гласови.
збурбати | св.
збуричка | св.
Почне да буричка; Жената збуричка во торбата. Збуричка во фиоката да ги најде ножиците.
збута | св.
Избутка, истисне со буткање некого или нешто. Последните од редот го збутаа старецот до ѕидот. Влегов последен и ме збутаа на последниот ред.
збутан | прид.
Што тешко може да се најде; зафрлен. Збутан крај од градот. Збутана продавница.
збутка | св.
Почне да бутка;
збуца | св.
Одеднаш ненадејно буцне, забоде нешто. Не внимаваше и ја збуца иглата во прстот.
збучи | св.
Одеднаш почне да бучи. Збучи стар автобус.
збушави | св.
Таткото го погали по главата и малку му ја збушави косата.