згрвали | св.
Кутне, собори едно преку друго, на куп. Дрварите згрвалија неколку дебели стебла, од што земјата се затресе.
згрвалка (се) | св.
Го турнаа и тој се згрвалка до самата порта.
згргори | св.
гргори. Згргори поточето, па се смири.
згрготи | св.
Згрготеа топови. Во тишината се чу како згрготи водата.
згргури (се) | св.
Се) згрчи(се) собере. Исплашените дечиња се згргурија до мајката.
згрди | св.
Полската работа и го згрди лицето. Новите згради само ја згрдија населбата.
згрева | несв.
згрее | св.
Стопли, загрее. Таа го згреа ручекот и седна да јаде. Пролетното сонце ја згреа старицата што седеше на прозорецот.
згрешава | несв.
згреши | св.
Таксистот ја згреши улицата.