згорниште | ср.
Лице на костум. Згорништето му беше обелено од сонце.
згорчи | св.
Направи нешто да горчи. Модриот патлиџан ја згорчил манџата.
зготви | св.
Направи јадење. Што зготви денес за ручек? Набрзина зготви вечера за гостинот. Знаеше да зготви вкусни, несекојдневни јадења.
зграби | св.
Брзо и грубо фати, земе нешто со рацете. Тој го зграби за вратот, но се сепна и веднаш го пушти. Некој и ја зграби раката толку брзо што немаше време ни да викне.
зграгори се | св.
Стане како грагор, се скамени, се здрви. Кога слушнаа, не се помрднаа од местото, се зграгорија. Срцето и се зграгори од тага.
зграда | ж.
Поголем објект што служи за живеење или каде што се сместени јавни институции, установи и сл. Станбена зграда. Факултетска зграда. Тие имаа голема семејна куќа, подобро кажано зграда на четири ката.
зграпчи | св.
Брзо и со сила фати, земе нешто со раце; зграби Тој ја зграпчи и сосила ја бакна. Момчето ја зграпчи јакната и излета надвор. Некој од зад грб го зграпчи.
зграчи | св.
Беше длабока тишина додека не зграчи гавран.
згрбави | св.
Направи некој да биде грбав; да стане грбав. Постојаното носење вреќи на грб го згрбави човекот.
згрби се | св.