здобие | св.

Добие, стекне. Ја здоби довербата од сите. Здоби и куќа и имот.

здоболи | св.

Го здоболе нешто под ребрата. Неговото однесување длабоко ја здоболе.

здобри | св.

Смири две страни што биле скарани. Непријатната случка ги здобри семејствата.

здогледа | св.

Види некого или нешто;

здодева | несв.

здодевен | прид.

Што предизвикува, што содржи досада. Здодевен гостин. Здодевен филм.

здодее | св.

Стане некој, нешто здодевен некому. Ми здодеа со твоите барања.

здола | прил.

Под површината на нешто; одоздола. Озгора носеше палто, а здола кошула. Во торбата здола ги стави компирите, а врз нив доматите. Децата спиеја на креветчиња на кат, постариот згора, а помалиот здола.