здива | несв.
Силно, забрзано дише/диши.
здиви | св.
Направи некој да стане како див. Таквата постапка ги здиви селаните. Коњот здиви од змијата пред неговите нозе. Кучето кога виде непознат, здиве, ќе го скинеше синџирот.
здивне | св.
еднокр. здива. Гостинот седна и звучно здивна. Таа ги затвори очите и здивна длабоко неколкупати за да се смири.
здими | св.
Одеднаш задими, пушти дим. Огнот најпрвин здими, но потоа убаво се распали.
здиплен | прид.
Што е свиен, превиткан. Здиплени алишта. Здиплена јамболлија. Писмото беше здиплено на две.
здипли | св.
Таа ги здипли алиштата и ги нареди во шкафот.
здише | св.
Одеднаш почне да дише
здишне | св.
Таа здишна малку и пак се нурна во езерото.
здлабнатина | ж.
здлапка | ж.