здолен | прид.
За облека – што е под нешто. Здолна маица. Здолна облека.
здолник | м.
здолница | ж.
Долен дел од женска облека; здолниште. Невестата носеше здолница со прекрасен вез. Здолницата и беше изветвена и со многу закрпи.
здолниште | ср.
Долен дел од женска облека; здолница. Кратко здолниште. Здолниште од сатен. Таа седна и го поднамести здолништето.
здрав | прид.
За живо суштество – што има нормални животни функции; што се одликува со здравје. Здраво дете. Здраво срце. Здраво и вакцинирано куче.
здравен | прид.
здравец | м.
Повеќегодишно растение со ниско стебло и широки мирисливи листови, со ситни розови цветови; Geranium macrorrhisum. Наоколу се чувствуваше мирис на здравец.
здрави | св.
Наздрави. Домаќинот здрави со гостите.
здравина | ж.
Добро здравје. Тешката работа му ја испи здравината. Девојката пукаше од здравина.
здравица 1 | ж.
Краток говор или затврден израз од неколку зборови што се кажува со крената чаша пијалак, кој се пие во нечие здравје, во нечија чест или за нечиј успех. Првата здравица се испи во чест на домаќинот. Таткото кажа здравица за младенците. Се слушнаа многу здравици.