здравица 2 | ж.
здравице | ср.
здравичок | прид.
здравје | ср.
Состојба на организмот кога сите органи нормално и правилно функционираат без да се чувствуваат никакви болки; физичка и ментална состојба на организмот; Добро здравје. Кревко здравје. Тој особено внимава на здравјето. Се плашеа за неговото здравје.
здраво | прил.
Цврсто, јако, силно. Куќата беше здраво направена. Удри здраво во трупецот и тој се раздели на два дела.
здравствен | прид.
Што се однесува на здравјето, на чувањето, лекувањето на здравјето. Здравствена состојба. Здравствен дом. Здравствена заштита. Здравствени причини. Здравствена книшка.
здравство | ср.
Дејност за одржување на здравјето и лекување на болести; систем на установи што се занимаваат со тоа. Државно здравство. Локално здравство. Се предвидува нова организација на здравството.
здрапа | св.
Одненадеж почне да драпа. Дремеше на сонцето, но нешто го полази, па го здрапа големиот мев.
здраска | св.
Одненадеж почне да драска. Мачето се галеше со девојчето, но се исплаши од нешто, го здраска по раката.
здрач | м.
Зрак, светлина. Темната ноќ се претвораше во модар здрач. Тенок здрач се појави низ подотворената врата.