завиори | св.
Почне да виори. Ветрот ги завиори знамињата. Тантелите на нејзиното здолниште завиорија како падобран.
завира | несв.
завири | св.
Почне да вири. Очите ѝ завирија од солзи.
зависен | прид.
Што зависи од некого или од нешто; што е потчинет, ограничен; што не е самостоен. Тој се наоѓа во зависна положба. По војната, многу зависни земји добија независност.
зависи | несв.
Се наоѓа под влијание на нешто; е обусловен од нешто. Од твојот одговор зависи нашиот живот. Од тебе зависи успехот.
зависка | св.
Почне да виска. Коњот зависка.
завислив | прид.
Што чувствува завист, што завидува некому; завидлив. Завислив човек.
зависливец | м.
Лице што завидува некому. Повеќето од неговите пријатели беа зависливци.
зависник | м.
Лице што зависи, што не може да се ослободи, да се откаже од нешто. Тој е зависник од алкохолот.
завист | ж.
Силно чувство на незадоволство предизвикано од нечиј успех, среќа и сл.; пакост, завидливост. Со завист ја следел нивната работа. Ја заврте главата на другата страна во знак на протест и завист.