завитка | св.
Замота, завие, обложи со нешто. Старецот го завиткал лулето во крпче. Тој го завитка лицето со шалот. Ја завиткаа во овчи кожи и ја понесоа на лесково носило.
завиткан | прид.
Глаголска придавка од завитка.
завитли | св.
Фрли нешто во воздухот со вртење. Го фати мечот за дршката и го завитли во воздухот.
завиток | м.
Нешто што е завиткано, спакувано; пакет. Носеше завиток под десната мишка.
завишти | св.
Почне да вишти. Коњот завишти по својот стопан.
завијок | м.
завладее | св.
Воспостави своја власт, освои нешто. Војската завладеа со градот. Бегот го завладеал целото село.
завладикува | св.
Почне да владикува; Откако тој завладикува, луѓето ја повратија вербата во црквата.
завладичи | св.
Постави, произведе некого за владика. Набрзо откако го завладичија, тој умре.
завлачи | св.
Почне да влачи; Ја завлачија волната со гребен. Тој ја завлачи нивата.