змејко | ср.
Дем. од змеј.
змејовски | прид.
змиест | прид.
Што личи на змија. Змиест пат.
змиешки | прид.
змиин | прид.
Што е од змија, што и припаѓа на змија. Змиин отров. Змиина опашка. Змиин јазик.
змиски | прид.
Што се однесува на змија, што и припаѓа на змија. Змиска кожа. Змиско гнездо.
змија | ж.
Влечуга без нозе што се движи ползејќи, со лизгаво, долго тело; Serpentes. Отровна змија. Водна змија.
змијар | м.
Тој што фаќа змии.
змијарник | м.
Змиско гнездо, место каде што живеат змии. Да отепаш змија од змијарник било греота.
змијовиден | прид.