змијолик | прид.
змијулест | прид.
Што личи на змија. Змијулеста патека. Змијулесто поточе. Змијулесто движење.
змијулец | м.
Вид цвеќе со долго голо стебло и бели цветови; Ornithogalum.
знае | несв.
Известен е за нешто, познава, познато му е нешто. Знаев дека ќе дојдат. Само тој го знае патот. Не знам кога поаѓа возот.
знаен | прид.
Што е познат. Знајни патишта. Знајни фрескосликари.
знаење | ср.
Глаголска именка од знае.
знак | м.
а) Договорен белег (писмена ознака, цртеж и сл.) со кој се обележува нешто. Сообраќаен знак. Правописен знак. Математички знаци. Фабрички знак. б) Предмет што служи за обележување, за покажување нешто. Пред шалтерот имаше знак дека не работат. Стави знак до каде е негово.
знаковен | прид.
Што е составен од знаци, што се искажува со знаци. Знаковен систем. Знаковен пристап.
зналец | м.
Тој што знае многу, добар познавач во некоја област. Секој старец е зналец. Зналец во фолклорот.
знаме | ср.
Широко парче платно со определена боја или комбинација на бои и со определен знак (обично прицврстено на стап или на копје) што претставува симбол на држава, народ, организација, спортски клуб и сл. Државно знаме. Партиско знаме. Знаме на Црвениот крст.