заврска | ж.

(книж.) заплет; разврска.

заврти | св.

Доведе нешто во кружно движење околу неговата оска. Го заврте клучот на вратата. Го заврте воланот за цел круг.

завртка | ж.

Вид клин спирално нарежан, нажлебен, на кој може да се стави навртка;

завртка | св.

сп. вртка 1, заврти 1. Таа завртка со вретеното.

завршен 1 | прид.

Што е доведен докрај, што е готов, целосен. Во завршениот дел од шталата мукаа две крави. Со реченицата треба да искажеме завршена мисла.

завршен 2 | прид.

Што е последен, краен, конечен. Завршен испит. Завршна верзија.

завршеток | м.

Краен, завршен дел од нешто; крај. Конфликтот имаше среќен завршеток. Песната завршува со еден од најпотресните завршетоци во македонската поезија.