завре | св.
Скрие, пикне, вовлече нешто некаде, вовре. Ја завре главата под перница и почна да плаче.
завреви | св.
Почне да вреви. Тој завреви силно и ги покани на трпеза. Сите завревија во еден глас.
заврека | св.
За коза – почне да врека. Козата се исплаши и заврека.
завреска | св.
Почне да вреска; Детето падна и завреска на цел глас. Двете жени силно заврескаа.
заврз | м.
Млад плод на растение, незрел и тукушто оформен. Скина еден заврз од афион. Младите заврзи страдаат при ниски температури.
заврзе | св.
Стегне, прицврсти со врзување; врзе. Рацете му ги заврза одзади. Го заврза коњот за стеблото од буката.
заврзок | м.
заврз.
заврие | св.
Почне да врие; зоврие, проврие. Го засили огнот за побрзо да заврие гравот.
заврна | ж.
заврне 1 | св.
Почне да врне; врне Кога ќе заврнеше, таванот прокиснуваше. Таа година многу рано заврна снег.